ВИДЕО: Писмо на патничка од Титаник продадено за 12.000 долари

Од:

Писмото на една патничка која го напуштила Титаник во моментот на несреќата во речиси празен чамец за спасување, поради што подоцна е ставена на столбот на срам, е продадено на аукција за 12.000 долари.

Записот кој содржи две страни, кои по бродоломот ги напишала англиската аристократка лејди Даф- Гродон, провобитно бил проценет на 4.000 долари.

Во писмото, 48-годишната жена се жали на студениот пречек кој и бил приреден по враќање во Англија.

-Наводно не сме се однесувале како треба! Срамота – стои во писмото, кое е напишано за време на истрагата за драматичниот настан, која што е спроведена помеѓу 2-ри мај и 12-ти јули 1912 година.

Како патничка во првата класа Даф- Гордон заедно со сопругот Козма Даф Гордон се качила на чамец за спасување на кој имало само 12 лица, претежно членови на екипажот, иако имало место за 40 патници.

Брачниот пар е обвинет дека и платил на посадата да не го оптоварува чамецот, иако истражителите подоцна ги отфрлиле тие наводи.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“