Иако изгледа многу помлад, сепак Казим Гурбуз има 95 години. Потекнува од Адана, Турција каде што е роден во 1920 година. Вниманието овој човек го привлече со својата виталност и младешкиот изглед кој го препишува на редовното вежбање, исхраната и позитивниот став кон животот.
Тој препорачува редовно вежбање кое го прави и во својата 95 година, и работење на подвижност на телото и зглобовите. Се храни со маслинки, мед, свежо овошје и пиперки.
Тврди дека човечкиот живот се скратува со седење во канцеларија во која нема ниту свеж воздух, ниту сонце, посебно кога се седи пред комјутер. Преку зима, Казим Гурбуз скија и оди во долги прошетки, а преку лето им се препушта на морските радости.
Тој е голем обожавател на јогата и долгогодишен учител на таа вештина. Дури и во својата 95 година може да ги изведе најтешките пози.