Студија: Вегетаријанците и веганите имаат поголем ризик од мозочен удар

Од:

Вегетаријански и вегански начин на исхрана намалува ризик од срцеви заболувања, но носи поголем ризик од мозочен удар, покажала голема студија објави Би-Би-Си.

Студијата објавена во Бритиш медикал џурнал испитувала 48.000 луѓе во изминатите 18 години.

Вегетаријанците и веганите имаа десет случаи на помалку корорнарна болест на 1.000 луѓе кои јаделе месо, но и три случаи на мозочен удар. Студијата ги анализира податоците од EPIC-Oxford истражување, долгогодишен научен проект што се однесува на навиките на јадење и здравјето.

Половина од испитаниците во студијата јаделе месо, нешто повеќе од 16,000 биле вегетаријанци или вегани, а 7.500 пескатаријанци, луѓе кои јаделе риба. Нивната медицинска историја, пушењето и физичката активност биле земени предвид за студијата.

Оескатаријанците имале 13 проценти помал ризик од корорнарна срцева болест отколку оние кои јаделе месо, додека вегетаријанците и веганите имаат 22 отсто помал ризик. Но, вегетаријанците и веганите имале 20 проценти поголем ризик од мозочен удар.

Научниците сугерираат дека тоа може да биде поврзано со ниско ниво на витамин Б12.

Би можело да ве интересира

Научници работат на средство за разградување ХИВ

Ана Ололовска

Како електронските цигари предизвикаа епидемија во Америка

Ана Ололовска

Печурките го намалуваат ризикот од рак на простата

Ана Ололовска

Газираните сокови штетни за срцето, стомакот, но и за нервниот систем

Ана Ололовска

Редовното вежбање го подобрува сексот

Ана Ололовска

Експлицитните пцости ја намалуваат болката

Ана Ололовска