ВИДЕО: Октоберфест – повеќе од обична страст кон пивото

Од:

Еден од најпознатите пиво-фестивали во светот, Октоберфест датира од почетокот на 19. век. Кога кралот Лудвиг Први се оженил со принцезата Тереза во 1810 година, па го замолил градоначалникот на Минхен да организира прослава во нивна чест.

Од тогаш овој собир прераснал во традиција која се одржува секоја година. Уште во 1835 година на Октоберфест присуствувале околу 50.000 посетители од цела Баварија.

Во рамки на Октоберфест, поворката од луѓе облечени во традиционални баварски носии, дефилира низ Минхен, при што парадата завршува на Полјаната на Тереза, каде што се одржала и првата прослава.

За оние помладите и оние кои сакаат забава, Октоберфест е еден огромен забавен парк каде што секој ужива во храната, музиката, разни рекреативни понуди и секако – пивото.

Оваа година посетителите ги очекуваат и неколку нови атракции како што е авантуристичкиот „Енкаунтер” кој ќе ги „носи“ посетителите на патување во светот на научната фантастика и вонземјаните.

Октоберфест отсекогаш бил нешто повеќе од љубов кон пивото, повеќе од страст за традиционалните германски колбаси и убавите Германки во провокативни народни носии.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите