ВИДЕО: Нов смртоносен вирус во Америка

Од:

Американски научници пронајдоа нов така наречен „Бурбон вирус“, кој според нив ја предизвикал смртта на фармерот од Канзас.

Иако многумина претпоставуваат дека тој е наречен според пијалак, вирусот всушност името го добил според округот Бурбон, во кој летово почина несреќниот фармер.

Се смета дека вирусот го пренесуваат крлежи, а во извештај на „Њујорк тајмс“ е опишан како особено опасен вирус кој предизвикува престанок на работата на белите дробови, срцето, како и состојба на шок, кој усмртил сосема здрав човек за само 10 дена.

Со заеднички сили, научниците од Центарот за превенција и контрола на болести и научници од Универзитетот во Канзас, го идентификувале овој вирус како тоговирус од подгрупата на ортомиксовирусите.

-Фармерот од Канзас за сега е единствениот познат пациент кој боледувал од овој вирус, иако лица со слични симптоми се регистрирани и во Источна Европа. Африка и Азија- изјави Дин Хокинсон еден од шефовите на истражувачкиот тим.

Тој додаде дека се уште не знаат многу за овој вирус, односно дека не знаат дали е смртоносен и дали може да се лекува.

Инаку симптомите вклучуваат грозница, губиток на апетит, атрофија на мускулите и генерален впечаток на изнемоштеност.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он