Агресивното и хистерично однесување на актерката, водителка и мис на Доминиканската Република од 2007 година и нејзиното туркање од црвениот тепих во Кан е уште еден во низата скандали на фестивалот.
Како што може да се види на самото видео, таа имаше конфликт со член на обезбедувањето додека се шета по црвениот тепих.
Некои го осудуваат однесувањето на манекенката Масиел Таверас, додека други ја бранат и тврдат дека жената од обезбедувањето имала проблеми и со други гости, како Кели Роланд.
Месиел не го коментираше инцидентот, додека Џанина Азар, дизајнерката на фустанот што го носеше манекенката, објасни преку социјалните мрежи што всушност се случило.
Dominican actress Massiel Taveras was moved out of the carpet as she posed for photos at the Cannes Film Festival.
The same security guard was involved in an incident with Kelly Rowland. https://t.co/O3Q1788tjy
— Pop Crave (@PopCrave) May 25, 2024
„Не ја избркаа, таа спектакуларно прошета по црвениот тепих, но на влезот во театарот каде што се прикажуваше филмот имаше проблем поради фустанот кој беше екстремно долг“, коментира дизајнерката во објава на нејзиниот Инстаграм профил.
Според Азар, жената од обезбедувањето се обидела да ја забрза Масиел додека таа одела по црвениот тепих, на нејзино незадоволство.
„Непристојната припадничка на обезбедувањето сакаше таа да трча кон театарот, а треба да остави простор и да го почитува уметникот да се движи полека, а не како што тие бараат“, рече таа.