Свадбите во Велика Британија чинат повеќе од 20.000 фунти, а во таа цена се вклучува послужување, фотограф, прстени, цвеќе, торта. Меѓутоа, една штедлива двојка успеа да потроши само една фунта, а судбинското „да“ го изговори пред голем број гости и со незаборавна прослава.
Џорџина и Сид Инес мораа да платат 70 фунти за такса за венчавката, но освен тоа, за свадбата потрошиле само една фунта. Толку чинеше половниот бел фустан од 60-тите во која невестата се омажи.
Двојката организираше пикник на отворено со пијалок и џез, кој го свиреше таткото на невестата на саксафон, а секој гостин донесе малку храна. Бракот е склопен во амбар позади колибата во која живеат, опремена со соларни панели. Бурмите ги направила Џорџина и тоа од рог кој го пронашла во нејзината градина.
Церемонијата ја водела мајката на невестата, пред 70 гости. Венчавката јао изврши свештеникот Питер Доналд кој се согласи на бесплатна услуга во замена за донацијата која гостите ја дадоа за црквата. Фотографот исто така се согласил да работи бесплатно, откако Џорџина му вети дека како режисерка ќе работи на еден негов проект.
Три торти направи нејзината тетка.
– Не ја гледам поентата на скапите свадби. Тоа воопшто не се вклопува во идејата брак. Од трошење на голема сума пари не добивате ништо. Нам единствено ни беше важно да станеме маж и жена, рече 36-годишната уметничка, која со нејзиниот три години постар сопруг – пејач, редовно рециклира.
Тие се запознале на Панаѓур во Глазгов пред четири годни, а се вериле минатата година во Берлин.
– Атмосферата беше целосно опуштена, сите си разговараа меѓусебно. Многу луѓе ми рекоа дека тоа била најдобрата свадба на која присуствувале, рече Џорџина.
Бидејќи заштедиле на свадбата, младенците планираат медениот месец да го поминат во Берлин, каде ќе претстојуваат четири недели. Сепак, ни таму нема да потрошат многу пари, затоа што ќе престојуваат кај пријатели.