ВИДЕО: Навивачите го нападнаа како зомби ресторанот каде вечераше Меси-едвај се извлече

Од:

Додека Лионел Меси е исвиркуван од навивачите во Париз, во овој период тој е божество во Аргентина. Фановите го обожаваа и пред да го освои Светското првенство во Катар, но откако го подигна трофејот на Светското првенство – тој буквално не може да живее од хаосот што се создава кога ќе се појави на домашен терен. Така беше и сега, откако пристигна во Аргентина на репрезентативната пауза на која ќе одигра два пријателски натпревари, па слободното време сакаше да го искористи за да се опушти.

Меси предизвика хаотични сцени во Буенос Аирес откако се дозна дека ќе вечера во многу познатиот ресторан „Дон Хулио“ кој се наоѓа во центарот на градот.

Секако, ваквите работи обично се држат во строга тајност, но изгледа проговорил некој од обезбедувањето или од ресторанот, па набрзо „пола град“ знаеше што прави Лионел Меси во понеделникот вечерта. Поради ова, илјадници фанови се појавија пред ресторанот, кои како зомби тропаа по прозорците, се туркаа, се со цел да го допрат Меси или да се фотографираат со него. Меси може да биде среќен што стигна до својот автомобил неповреден, со помош на полицијата.

На крајот, едвај, безбедно стигна дома, а следниот пат два пати ќе размисли дали да вечера во ресторанот. За него толкава толпа може да биде небезбедно опкружување.

Би можело да ве интересира

Меси си заминува од ПСЖ: Прифатени арапските милиони, но само под еден услов

Предраг Петровиќ

Инфлацијата во Аргентина надмина 100 отсто

ВИДЕО: Жестока тепачка на навивачите на Партизан и Војводина и српската жандармерија

ВИДЕО: Аргентина ја совлада Панама со 2:0, Меси со 800 гола во кариерата

Предраг Петровиќ

Земјотрес со јачина од 6,4 степени во Аргентина

Ана Ололовска

Поради топлотниот бран првачињата во Аргентина можат да одат на училиште во костими за капење

Ана Ололовска