На институтот „Амрита“ од градот Кочи во Индија првпат е извршена операција за транспалантација на двете раце, објави „Индиан Експрес“.
Пациентот е 30-годишниот Абдул Рахим, војник од Кандахар, кој ги загубил двете раце во 2012 година во акција за деактивирање на мина.
Донатор на рацете е 54-годишен Индиец кој се наоѓа во длабока кома, а операцијата во која учествувале 20 хирурзи траела 15 часа.
– Не знаев дека тоа воопшто е можно. Мислив дека мојот живот е завршен кога ги загубив рацете и сакав да умрам. Бескрајно сум им благодарен на донаторот и лекарите кои ме оперираа, рече 30-годишниот Абдул, кој десет месеци ќе биде на физикална терапија.