Повеќе од 70 илјади посетители на Плоштадот Св. Марко, го набљудуваа најинтересното случување на традиционалниот карневал во Венеција.
„Летот на ангелот“ кој се одржува предпоследниот викенд од карневалот, претставува симнување на убава девојка во костим, од врвот на познатиот венециски плоштад.
Оваа година тоа го направи италијанката Марта Финото.
Овој дел од програмата на карневалот наречен „Живот во бои“ завршува на 12-ти февруари.