ВИДЕО: Младоженец пукаше со „зоља“ кај невестата, чудо е како куртулија сватовите

Од:

Неверојатна снимка деновиве е хит на социјалните мрежи во Србија – младоженец кој дошол да ја земе невестата од нејзиниот дом, пукал со рачен ракетен фрлач, сакајќи на несекојдневен, ама многу опасен начин да го испочитува свадбениот обичај на гаѓање на јаболко во куќата на избраничката.

На кусата, ама ефектна снимка, се гледа како неидентификуваниот младоженец стрела кон јаболкото, врзано за долг дрвен столб во дворот, додека во позадина се слуша „Ѓурѓевдан“.

Според српски експерт за оружје, цитиран од „Новости“, вистинско чудо е како никој не настрадал во оваа егзибиција.

„Да го погодеше дрвото што го држи јаболкото, ќе ги испоубиеше луѓето. Тоа е кумулативна ракета, која на врвот има ткн. пиезо генератор. Кога тој се активира, се појавува кумулативен млаз, кој би ги усмртил луѓето. Среќа што ракетата е истрелана под овој агол. Да го држеше фрлачот малку пониско, огнот ќе ги спржеше луѓето позади него,“ вели експертот.

Во народот се верува дека гаѓањето на јаболкото поставено на највисоката точка во дворот, на куќата или на некое дрво, ги покажува способностите на младоженецот и неговата подготвеност да ја заштити својата сопруга и идното семејство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски