Популарната пејачка Мадона моментно е на нејзината музичка турнеја „Мадам Икс “.
Како дел од нејзината турнеја, во средата настапи во театарот „Паладиум“.
Поп-sвездата тврди дека театарскиот персонал започнал да ја спушта завесата од девет тони додека таа сè уште била на сцената и потенцира дека сакале да ја цензурираат.
„Останавме на сцената пет минути подолго отколку што требаше, и остана да отпееме уште една песна, но завесата наеднаш почна да се спушта, за среќа успеаа да го запрат спуштањето па никој не беше повреден”-соопшти Мадона на социјалните мрежи.
Мадона исто така на “Инстаграм” објави видео на кое се гледа како таа и нејзиниот тим ја повлекуваат завесата и повторно се појавуваат пред публика.