ВИДЕО: Мачка преживеа 36 дена без храна и вода

Од:

Дека мачките имаат девет животи докажа и Ми Муви, милениче на едно американско семејство, која преживеа еден месец патувајќи во картонска кутија, без вода и храна.

Ешли Барт раскажа дека нејзината мачка исчезнала во септември кога нејзиното семејство се селело од Сафок во американската сојузна држава Вирџинија, на Хаваите, кои се на оддалеченост од осум илјади километри.

Кога кутиите стигнале на Хаваите, 36 дена подоцна, Ешли слушнала придушено мјаукање и отркила дека Ми Муви е во една од нив.

– Мачката изгуби половина од нејзината тежина и одеше отежнато, изјави Ешли.

Се поставува прашањето колку животи загубила Ми Муви во текот на оваа неверојатна авантура.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија