ВИДЕО: Количката со бебе се стркала кон прометниот пат, бабата немоќна да стигне падна

Од:

Надзорна камера во автоперална во Калифорнија го снимила застрашувачкиот момент од најлошиот кошмар на секој родител.

Откако излегла од автомобилот, бабата го ставила внукот во количката, но заборавила да ги заклучи тркалата.

Кога сфатила што направила, бабата се обидела да ја запре количката, но притоа паднала, а количката само се упатила на патот каде со голема брзина поминуваат автомобили.

За нејзина среќа, во близина се нашол Рон Несман, бездомник кој штотуку завршил интервју за работа во блискиот ресторан.

Видеото открива дека Несман ја грабнал количката во последен момент, спасувајќи му го животот на детето.

Новиот херој на Америка објасни што се случило:

Немав време да размислувам, реагирав инстинктивно“, изјави тој за американските медиуми.

„Не би можел да живеам со себе ако не направев ништо! Драго ми е што немаше трагедија – изјави Несман.

Поранешниот камионџија им кажа на новинарите дека станал бездомник во 2018 година кога неговата девојка ненадејно починала.

По објавувањето на видеото на Интернет, Рон го контактирале многу луѓе кои му понудиле да дојде да работи кај нив, а сопствениците на ресторанот во кој бил интервјуиран пред херојското спасување му понудиле работа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандалозна тепачка на двајца познати рапери во Кан: Ги раздели обезбедувањето

Предраг Петровиќ

Тројца скопјани каменувале автобус, искршиле неколку прозори

Инцидент во Велс: Избодени со нож се неколку лица

Горан Наумовски

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ги спаси сендвичот од детето-семејство на одмор нападнато од слон

Предраг Петровиќ