Актерот Меколи Калкин, кој целиот свет го памети по легендарната улога на малиот Кевин во филмот „Сам дома“, денес наполни 40 години.
Тој го прослави својот роденден на уникатен начин и на Твитер напиша: „Здраво дечки, сакате да се почуствувате стари? Јас имам 40 години. Нема на што“.
Исто така, актерот ја употреби и репликата од улогата на Кевин, дека тој „повеќе не е дете“. Објавата предизвика главно позитивни реакции од неговите фанови.
Dude! You were never supposed to grow old! What happened!?
— Big Brain Trades (@BrainBigTrades) August 27, 2020
I was old when Home Alone came out.
— Allen Covert (@THATAllenCovert) August 26, 2020
Роденденот на Калкин го честиташе јавно и неговата девојка, Бренда Сонг, која на својот Инстаграм профил напиша: Можам да седнам овде и да пишувам бесконечно за тоа колку добар, љубезен, лојален, брилијантен, оригинален и забавен си ти и колку сум благодарна што го споделувам животот со тебе…Но како прво, сето тоа ќе ми одземе цела вечност, а како второ, ти дури нема ни да го видиш тоа бидејќи ти никогаш не користиш Инстаграм. Хахахах“.
„Ти си мојот еднорог за кој никогаш не сум помислила дека би можел да постои, јас сум најсреќната личност на светот затоа што сум сакана од тебе“, додаде Сонг.