Босанскиот рапер Јасмин Фазлиќ, попознат како Јала Брат, доживеа нерсеќа за време на настап на плажа на хрватскиот остров Паг.
Имено, тој настапуваше со Буба Корели, а како што се познати по истите стајлинзи, овојпат носеа и црни очила, поради што Јала не ја виде огромната дупка покрај бината.
Раперот незгодно зачекори, се лизна и падна низ дупката и сите останаа шокирани.
Буба Корели и луѓето на сцената веднаш притрчаа да му помогнат, а неговиот пад стана вирален на мрежите.
По ова раперот објави дека се чувствува добро.