(ВИДЕО) Илон Маск и Доналд Трамп играат на „Stayin’ Аlive“ – снимката има над 130 милиони прегледи

Од:

Неколку дена по објавувањето на интервјуто на Илон Маск и Доналд Трамп на Х, милијардерот објави видео изработено со вештачка интелигенција на кое танцува со поранешниот американски претседател.

„Хејтерите ќе речат дека ова е вештачка интелигенција“, напиша Маск на социјалната мрежа X, покрај видеото на кое двајцата играат на хитот на Bee Gees, Stayin’ Alive.

Видеото за само 3 дена има 133 милиони прегледи.

Пред неколку дена Доналд Трамп му даде интервју на Илон Маск на платформата X. Маск и Трамп зборуваа за важните прашања, како и за обидот за негов атентат, a tричасовниот разговор беше нарушен од хакерски напад кој го одложи разговорот за 40 минути.

Интервјуто се емитуваше во живо на Х профилот на Трамп. Пристапот на Трамп до неговиот профил @realDonaldTrump е вратен откако Маск е сопственик на X. Претходните сопственици го симнаа од мрежата поради нападот на Конгресот на 6 јануари 2021 година, за којшто обвинија дека е оркестриран од Трамп и неговите соработници.

На крајот од тричасовниот разговор, Маск повторно го поддржа Трамп и ги повика умерените гласачи да го сторат истото.

Би можело да ве интересира

Трамп: Голем напредок кога станува збор за Украина, разговорите со Москва и Киев се одвиваат добро

А1он

САД, Русија и Украина веќе ги исцртуваат границите на новиот договор

А1он

Трамп објави документи во врска со атентатот на Џон Кенеди

А1он

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Трамп: Бев саркастичен кога реков дека можам да го направам тоа

Изгубија 209 милијарди долари за два месеци – кој помина најлошо?

А1он