Елон Маск дефинитивно знае како да привлече внимание и да го направи секој деловен потег спектакл за медиумите и социјалните мрежи. Неговиот најнов настап, влегувањето во зградата на Твитер, моментално е најголемиот хит на Твитер и за помалку од два дена собра неверојатни 40 милиони прегледи. Таква бројка за Твитер е речиси неверојатна.
Видеото во кое Маск влегува во Твитер со мијалник во рацете досега им се допаднало на 1,2 милиони корисници, а го споделиле повеќе од 200 илјади корисници на Твитер.
Да потсетиме, денеска Илон Маск го склучи договорот за преземање на Tвитер за 44 милијарди долари. Најбогатиот човек на светот на тој начин стана шеф на една од највлијателните социјални мрежи во светот.
Ги отпушти директорите и објави на Твитер дека малата птица е пуштена на слобода
Првиот потег му беше да го отпушти раководството на социјалната мрежа. Маск ги отпушти извршниот директор Параг Агравал, главниот финансиски директор Нед Сегал и главниот правен и политички офицер Виџеј Гад, јавуваат американските медиуми.
Маск ги обвини претходните лидери дека го доведоа во заблуда него и инвеститорите за бројот на лажни сметки на платформата, како и дека не му даваат јасни аргументи за тоа како да ги постигне високите амбиции што ги има со влијателната социјална платформа.
Маск на Твитер потврди дека преземањето е завршено. „Птицата е ослободена“, напиша тој.