„Хуавеи“ го претстави „Пи смарт 2019“. Со експанзивен „дудроп“ дисплеј, како и со нов и помоќен 8-јадрен чипсет „Кирин 710“, „Хуавеи Пи смарт 2019“ обезбедува квалитетно корисничко искуство по кое се познати „Пi“ сериите кои имаат камера вештачки интелект (ВИ) со високи перформанси, како во предниот дел, така и во задниот дел на паметниот телефон. Особено достојни за потенцирање се 64ГБ внатрешното складирање и батерија од 3400 милиампер часови.
„Пи смарт“ беше лансиран во 2017 година. Уредот беше наменет за млади потрошувачи кои бараат прифатливо, висококвалитетно корисничко искуство.
Најновиот уред е од секој аспект подобрена верзија на својот претходник, што вклучува примена на некои од најновите технологии и дизајни за да испорача пософистицирано искуство кое ги задоволува динамичните потреби на денешните потрошувачи.