(ВИДЕО) Функционерот од Пентагон кој што работеше на програмата за НЛО: Не сме сами

Од:

Поранешен функционер од Пентагон, кој ја водеше неодамна откриената владина програма за истражување на потенцијални неидентификувани летечки објекти (НЛО) изјави дека верува дека постојат докази за вонезмски живот.

– Моето лично уверување е дека постојат доста силни докази дека најверојатно не сме сами, рече Луис Елизондо.

Американските медиуми за време на викендот известија дека работата на напредната програма за идентификација на опасност од вселена започнала по налог на тогашниот лидер на мнозинството во Сенатот Хари Рејд, демократ од Невада, кој помогнал во собирањето средства по разговорот со пријатели и политички донатор кој поседува воздухопловна компанија и рече дека верува во постоењето на вонземјани.

Елизондо кажа дека дал отказ во министерството за одбрана во октомври, во знак на протест поради преголемата тајност околу програмата и внатрешната опозиција, откако финансирањето за проектот заврши во 2012 година.

Поранешниот функционер укажа дека не може да зборува во име на владата, но истакна дека постојат докази кои би го спречиле да ја исклучи можноста дека вонземски летала ја посетиле Земјата.

– Овие летала покажуваат особини кои во моментов не постојат во земскиот инвертар, рече Елизондо.

Тој рече дека целта на програмата била идентивикација на веќе видените објекти, а потоа и утврдување и одредување дали тие информации се опасност за национална безбедност.

– Откривме многу работи, рече Елизондо и додаде дека идентификувале аномални летала кои пркосат на законите на аеродринамиката.

По објавувањето за програмата на Пентагон, беа објавени и неколку видеа од пилоти кои налетале на НЛО.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија