После напорниот ден, вредните Јапонци сакаат да се опуштат. Но се повеќе се опуштаат со многу алкохол, па се почесто знаат да се онесвестат на улица и така таму да спијат до наредниот ден, пишува Метро.
Загрижени поради ваквите чести глетки, вработените од најголемиот синџир на барови во Јапонија „Yaoccho“, одлучиле да покренат кампања „nomisugi“, што значи – премногу пијан.
Кога ќе видат пијано лице како спие на улица околу него залепуваат бела леплива лента и покрај него го ставаат своето лого „nomisugi“ и ги охрабруваат минувачите така означениот пијан човек да го фотографираат и ја објават фотографијата на социјалните мрежи со хаштаг #nomisugi.
На тој начин пијаниот е јавно засрамен, а токму тоа е ударот кој би можел да помогне во запирањето на претерано конзумирање алкохол.
– Јапонците имаат големо чувство за чест и ова е начин да ги засрамиме за да го променат својот однос кон алкохолот, рече потпаролот на групата.