Адалија Роуз (6) од американската држава Тексас ужива во пеење и играње, а нејзиното хоби ја направи позната, на социјалните мрежи.
Причината за оваа популарност е ретката болест прогрерија, поради која телото на девојчето старее многу побргу отколку што е нормално.
Таа има само 6 килограми, исто како и нејзиниот мал брат кој се уште е бебе. Нема коса, па останатите деца понекогаш мислат дека е машко.
Поради болеста не е способна сама да оди по скали или на училиште, бидејќи и е потребна постојана нега.
Девојчето на интернет стана сензации, откако нејзината мајка во мај минатата година и направи страна на „Фејсбук“, за да контактира со пријателите и семејството.
На страната се наоѓаат нејзини слики, и видео снимки на кои игра. Но, некои безчувствителни луѓе напишале коментари дека ова „чудо требало да се абортира“.
Мајката изјавила дека успеала да ја заштити својата ќерка од лоши коментари и злоставување од општеството, бидејќи смета дека нејзината ќерка никогаш не била посреќна.
Елена Георгиевска