Браќата Аластер и Џон Мофат од Глочестер, Велика Британија, одлучија да се здружат и да го нападнат досегашниот рекорд од 14 сантиметри, кој го направи Рони Вашелбергер.
По неколку неуспешни обиди на Аластер да го паркира автомобилот во простор кој е само неколку сантиметри подолг од возилото, помладиот брат Џон кога седна зад воланот изведе совршено паркирање со само 13,1 сантиметри простор.
Аластер повторно седна во автормобилот и исто така изведе одлично паралелно паркирање. Сега браќата Мофат можат да се пофалат дека го делат новиот светски рекорд.
Јасна Атанасова