Познатиот фудбалер, Дејвид Бекам сними реклама за „H&M“, во режија на Гај Ричи.
Краткиот филм на Ричи за новата кампања на познатиот бренд, за машка долна облека е со одредена доза на хумор.
Бекам трча по населбата во долна облека, сакајќи да го стигне автомобилот на кој се закачи неговата бањарка.
По пат останува и без маица, но и тоа не го спречи да си поигра со топката и да ги остави младите без збор.
На крајот од рекламата Бекам, ќе скокне во базенот каде што ќе го фотографираат новинари и туристи.