Вградено второто вештачко срце на пациент во Франција

Од:

Откако на 18 декември беше вградено првото вештачко срце на 76-годишниот пациент Клод Дени, продолжи тестирањето на првото самостојно вештачко срце произведено од Кармат, кое е вградено на нов пациент, јавува дописникот на МИА од Париз.

Оваа нова операција е изведена од професорот Даниле Даво во болницата во Нант и засега таа се држи во тајност. Првиот пациент со вештачко срце живееше 75 дена.

Причините за неговата смрт се поврзани со проблеми во функционирањето на срцето, но сепак Кармат доби дозвола да продолжи со клиничките тестови.

Операцијата за всадување вештачко срце во европската болница Жорж Помпиду во Париз беше направена на 18 декември 2013. Според проценките од оваа технологија на Кармат во Европа и Северна Америка имаат потреба околу 100.000 до 120.000 потенцијални пациенти, односно пазар проценет на околу 16 милијарди евра.

Цената на едно вештачко срце, направена од биоматеријали, според проценките изнесува меѓу 140.000 и 180.000 евра, додека класична трансплатација чини 250.000 евра во Франција и речиси еден милион долари во САД, според бројките дадени од Кармат.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он