Вирус создаден со генетски инженеринг тестиран на 30 пациенти кои биле во последната фаза на рак на црниот дроб, значајно го продолжил нивниот живот, ги уби туморите и спречил развој на нови, сооштија научниците.
Шеснаесет пациенти на кои им е дадена голема доза од вирусот живееле во просек подолго за 14,1 месец во однос 6,7 месеци на 14 пациенти на кои им е дадена помала доза.
– Првпат во историјата на медицината покажавме дека генетски произведен вирус може да придонесе за преживување на заболените од рак, рече коавторот на студиите Дејвид Кирн.
Четиринеделното тестирање со вакцината Pexa-Vec или JX-594, кое е објавено во списанието „Нејч Медицин“, дава надеж за лечење на заболените кај кои туморот е во напредна фаза.
– И покрај напредокот во лечењето на заболените од рак во изминатите 30 години со хемотерапија и различните биолошки средства, поголемиот број цврсти тумори е неизлечив штом дојде до метастаза, односно кога туморот се прошири на другите органи, наведуваат авторите на студијата.
Тие додаваат дека постола потреба за активни имунотерапии.
– Pexa-Vec е осмислен да се мултиплицира внатре во самите клетки и да ги уништи клетките на ракот, во исто време овозможувајќи имуниот систем на пациентот да ги нападне клетките рак, рече Кирн.
Тој додаде дека после третманот, туморот се намалил и е намален дотокот на крв во туморот, а зајакнат е системот на имунитет кој се борел против туморот.
Pexa-Vec е развиен од вирусот на вакцини кои како вакцина се користат со децении во лечењето на малите сипаници.