Екстравагантна венчавка во едно село во кинеската провинција Хебеј, чинела најмалку милион долари, објави весникот „Чајна Дејли“.
На фотографиите од луксузната венчавка, што се појавија на интернет, можат да се видат „ергела“ скапи автомобили, меќу кои и 30 „Ролс-Ројс Фантом“, црвено „Ферари“, осум мотоцикли, неколку „Бентли“…
На венчавката биле присутни неколку десетина познати личности, вклучувајќи ја и една од најпопуларните кинески телевизиски водителки Ли Сијанг.
Приемот се оддржал во луксузен хотел на четири ката во градот Тангшан, каде што секоја маса чинела 9.999 јуани (1.630 долари).
Младенците добивале ковери со пари во кои сумата се движела од неколку илјади, до повеќе од 100.000 јуани.
Таткото на невестата е шеф на селскиот партиски комитет, а младоженецот е познат бизнисмен во таа област.