На традиционалната манифестација „Свадба од соништата”, пред собранието на град Белград се венчаа 200 парови.
На 14. по ред групна венчавка судбоносното „да“ го изговорија парови од цела Србија. Најмладиот пар има 19, а најстариот 65 години.
Младенците од организаторот добија подароци, а српската пошта издаде специјални коверти и поштенски марки. Првата групна венчавка се одржа 1999 година, кога се венчаа 19 парови.
[nggallery id=3]