Велшки остров со тврдина се продава за 400.000 фунти

Од:

Тврдината од 19-от век Стак Рок, која се наоѓа во близина на пристанишниот град Милфорд Хевен во Велс, е понудена за продажба по цена од 400.000 фунти.

Од аукциската куќа „Прплбрикс“ нагласуваат дека тврдината, која се продава заедно со приватниот остров на кој се наоѓа, претставува одлична можност за купување на историска градба.

Тврдината се наоѓа на островот Пемброкшир, а изградена е во 1850 година.

Таа служела за одбрана на Милфорд Хевен од евентуална инвазија на Наполеон.

Идејата за изградба на тврдината Стак Рок уште во 1539 година ја предложол Томас Кромвел.

Од аукциската куќа потенцираат дека на островот и во тврдината во моментот нема услови за живот, а потенцијалните купувачи треба да знаат дека по реновирање можат да се користат за домување или за комерцијални цели.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Велс: Избодени со нож се неколку лица

Горан Наумовски

Бизарен случај во Велс: Погребале погрешен човек, грешката на болницата откриена по три недели

Во Велс пронајдени тела на две бебиња, уапсени три лица

Горан Наумовски

Репрезентацијата на Велс го менува името

Тепање деца е кривично дело во Велс

Ана Ололовска

Во Нов Јужен Велс невакцинираните би можеле да си ги плаќаат трошоците за лекување

А1он