Репрезентацијата на Велс го менува името

Од:

Фудбалската репрезентација на Велс би можела да го смени името по Светското првенство, пишува британски Би-би-си. По мундијалот, Велс треба да се вика Камри, што е традиционалното име на нивната земја на велшки јазик.

Камри е името што Велс веќе го користи во официјалните комуникации и документи. Претседателот на асоцијацијата, Ноел Муни, рече дека сакаат да направат чекор понатаму.

„Репрезентацијата треба да се вика Камри затоа што така ја нарекуваме. Така ги нарекуваме сите наши репрезентации овде во Велс. Ако ги видите нашите страници на интернет, ние сме Камри на сите нив. На меѓународен план имаме уште работа. Видовте како, на пример, Азербејџан и Турција ги користат своите јазици. Она што сакаме да го постигнеме е да го оживееме велшкиот јазик и да го зголемиме чувството за национална гордост и да ги истакнеме нашата култура и наследството“.

Репрезентацијата на Велс од 20 ноември ќе се натпреварува на Светското првенство во Катар. Ќе игра во група со Англија, САД и Иран. Тоа е втор настап на Велс во историјата на светските првенства, првиот беше во 1958 година во Шведска.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ