Вечер во Битола почнува Интернационалниот фестивал за деца „Тра-ла-ла“

Од:

Денес и утре, Битола ќе биде домаќин на интернационалните детски музички фестивали „ТРА-ЛА-ЛА Кидс” и „ТРА-ЛА-ЛА Битола” на кој годинава ќе учествуваат 22 млади музички таленти.

Солистите кои настапуваат на фестивалот се на возраст од 6 до 13 години и како носители на голем број меѓународни музички награди тие досега во повеќе наврати ја афирмирале македонската детска песна на фестивали во државата и низ светот, информираат од фестивалскиот прес центар.

-Во рамките на двата фестивали „ТРА-ЛА-ЛА Кидс” и „ТРА-ЛА-ЛА Битола” во Битола на вечер и утревечер од 19:30 часот  ќе се одржат повеќе концерти. Покрај Гран при наградата, на фестивалот „Тра-ла-ла” за најдобрите учесници на двата фестивали ќе доделиме прва, втора и трета награда, специјална награда, награда за најдобар сценски настап и награда од детското жири. Новитет е тоа што секој посетител ќе може да гласа за својот фаворит, со што ќе бидат доделени и награди од публиката, а одлучивме да доделиме и посебни награди „Боби Коминовски, Тра-ла-ла кидс” и „Драган Каранфиловски Бојс, Тра-ла-ла Битола” кои се во чест на познатите музичари од Битола кои прерано го завршија својот живот, истакна Тони Алексовски, директор на фестивалот во Битола.

Интернационалниот детски музички фестивал „Тра-ла-ла“ 16 години успешно егзистира на музичката сцена, а децата солисти на овој фестивал досега освоиле голем број награди низ светоти тоа на „Еуростарс” во Малта, „Орошке звездице” во Словенија, „Док тече Лашва” во Босна и Херцеговина, „Златна рибка” во Бугарија, „Сан Ремо –јуниор” во Италија, „Славјански Базар” во  Белорусија, „Златни микрофон” во Хрватска, “Орфеј” во Венеција, “Златни дани” во Србија, “Шанс” во Данска, “Тиамо” во Романија, “Катјуша” во  Русија, “Бледски микрофон” во Словенија, “Најсветла звезди” во Турција, „Кукуричек” во Хрватска и други фестивали и детски манифестации ширум светот.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он