Ватсап го ограничи испраќањето на една порака до најмногу пет корисници

Од:

Апликацијата за испраќање на пораки Ватсап од денеска го ограничи до пет бројот на корисници или групи на кои може да им се прати една истата порака, соопшти заменик претседателот за комуникации на компанијата, Викторија Грант.

– Од денеска утврдуваме лимит на пет пораки низ целиот свет, изјави таа.

Раководител за комуникации на „Ватсап“, Карл Вуг соопшти дека апликацијата денеска ќе го објави и неопходното надградување.

Тоа ќе биде достапно прво за корисниците на опертаивниот систем „Андорид“, а потоа и на „Ајоес“.

Ватсап лани веќе ја ограничи функцијата за препраќање на пораки, кога бројот на луѓе или групи низ целиот свет на кои може да им се испрати истата содржина беше намален од 250 на 20.

Компанијата соопшти дека ораничувањето е со цел да се запре некотролираното ширење на гласини, лажни вести, манипулација со фотографии, како и видео и аудио без контекст.

Поради системите за заштита, пораките, фотографиите и видеата испратено преку оваа апликација се недостапни за независна контрола, ниту за самата компанија.

На пример, оваа функција во Индија веќе е ограничена до пет корисници или групи откако имаше повеќе случаи на линчување поради гласините за киднапирање на деца кои се проширија преку апликацијата.

Ватсап е во сопственост на социјалната мрежа Фејсбук и апликацијата ја користат околу 1,5 милијарди луѓе.

Би можело да ве интересира

Падна Ватсап, милијарди корисници не можат да праќаат пораки

Ана Ололовска

Телеграм го надмина Вотс ап според бројот на корисници во Русија

А1он

Услугите на ВатсАп во прекин

А1он

Пад на социјалните мрежи ВацАп, Телеграм и на ЈуТјуб

Ана Ололовска

Ватс-ап воведува опција за бришење на пораките по седум дена

Ана Ололовска

Нова „Ватс-ап“ програма за поорганизирано складирање на податоците

Ана Ололовска