Вакцина против детска маларија: Последните тестирања носат надеж

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Конечните клинички тестирања за вакцина против маларија – и први кои стигнале до оваа фаза – навестуваат дека тоа може да помогне во заштитата на милиони деца од маларија.

Но тестирањето на 16 илјади деца во седум африкански држави откриваат и дека посилни дози се со ограничена употреба и дека вакцината кај малите бебиња не е ефикасна.

Откако на деца на возраст помеѓу 5 и 17 месеци им биле давани по три дози од вакцината, имунизацијата била само 46 проценти ефикасна. Но екпертите велат дека доаѓањето до овој стадиум во развој на вакцината е вистински научен прогрес.

Податоци од истражувањата кои беа објавени во Лансет покажуваат дека стапката на успехот паднала дури и на пониски нивоа кај многу малите бебиња.

Научниците работат на вакцината повеќе од 20 години, но набљудувачите веруваат дека има уште доста да се работи.

RTS,S/AS01 е првата вакцина против маларија која стигна до напредни тестирања и која покажала било какви знаци на функционирање кај малите деца. На пазарот не постои лиценцирана вакцина против маларија било каде во светот.

Додека 1,300 деца секојдневно умираат од маларија во субсахарска Африка, научниицте велат дека се одушевени што воопшто стигнале до оваа фаза во развојот на вакцина против многу умниот паразит.

„Разочарани“

Проф. Брајан Гринвуд, автор на студијата и професор по клиничка тропска медицина во Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, вели дека бил „малку разочаран“ од резултатите од клиничките тестирања.

– Се надевав дека вакцината ќе биде поефикасна, но немаше никогаш да успееме ако останевме на вакцината против сипаници на само 97 проценти ефиканост.

Тоа е затоа што паразитот на маларијата има комплициран животен циклус и учи како да го совладува имунолошкиот систем веќе повеќе од сто години.

Вакцинацијата се спроведуваше на 11 локации во Буркина Фасо, Габон, Гана, Кенија, Малави, Мозамбик и Танзанија.

Тестирањата покажаа дека способноста на вакцината да ги заштити децата постепено се губи со текот на времето. Научниците се обидоа да го појачаат ова со засилување, но заштитата никогаш не го достигна нивото кое го обезбедуваат почетните дози.

Клиничките тестирања исто откриваат дека менингитисот се појавува често кај децата и покрај дадените вакцини. Сепак, проф. Гринвуд вели дека податоците се многу робустни и дека вакцината сеуште може да го намали нападите од маларија за околу 30 проценти.

„Пресвртница“

Европската агенција за медицина сега ќе ги анализира податоците и ако се задоволителни, вакцината може да биде лиценцирана. А потоа Светската здравствена организација ќе предложи нејзина употреба во октомври годинава.

Проф. Едриан Хил од Универзитетот во Оксфорд, вели дека иако студијата била „пресвртница“, тој сепак е загрижен.

– Затоа што ефикасноста на вакцината е толку краткорочна, очекуваната засилена доза се покажа дека дава некаква корист – но сепак не е толку ефикасна во почетните дози. „Позагрижувачки е новиот доказ за отскокнување во прифатливоста на маларијата: по 20-иот месец, вакцинираните деца кои не добиле засилена доза покажаа зголемен ризик од опасната маларија во следните 27 месеци, во споредба со контролите без вакцинација“.

Севкупно, тој вели дека бенефитите по јавното здравје од потенцијалите на вакцината сеуште не се јасни. „Можно е во некои подесувања вакцината да се направи поефикасна, но тоа најверојатно значајно ќе ги зголмеи трошоците за нејзино изнесување на пазарот“.

„Важна алатка“

Проф. Мајк Тарнер, шеф за инфекции во Велкон траст, вели дека биле потребни две децении за да се стигне до оваа фаза. „Иако нивоата на заштита која вакцината ги нуди против клиничката маларија можеби изгледаат релативно ниски, тие се сепак подобри отколку било која друга потенцијална вакцина која во моментов постои. Откритијата не се важни само заради самите себе, туку и за означувањето на патот за развој на подобри вакцини во иднина“.

Џејмс Витинг од хуманитарната организација Маларија ноу мор Ју-Кеј, вели дека е огромно посигнување да се доведе вакцината до овој стадиум.

– Се уште постојат бројни нејаностии и престои процес на одобрување кој треба да следи, но таа го има потенцијалот да биде важна дополнителна алатка во борбата против маларијата и спасувањето на животи од болеста која убива по едно дете на секоја минута“.

Други експерти предупредуваат дека финансиите за вакцината не треба да се преусмеруваат од мрежите на инсекти и од други мерки за контрола на маларијата.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он