Утринскиот секс исклучително добро влијае на здравјето на луѓето, покажуваат резултатите од неколку неодамна спроведени истражувања.
И доколкусакате да спиете и за на работа станувате во последен момент, подобро би било часовникот да го поместите еден час порано и малку да си поиграте со партнерот. Утрото ќе ви биде фантастично, во текот на денот нема да ја симнувате насмевката од лицето, а при тоа ќе се чувствувате добро, расположено и освежено.
Иако неодамнешните истражувања покажаа дека дури 60 проценти од паровите најчество водат љубов меѓу 23 и еден часот, време е за некои позитивни промени.
Разбијте ја рутината, изненадете го своето момче или девојка и ќе се почувствувате порасположено. Па така освен филџанот кафе и појадокот, вашата утринска навика нека биде и утринскиот секс. Следат неколку добри причини за тоа.
Jа зголемува плодноста
Честиот утрински секс го зголемува квалитетот на спермата и ја зголемува плодноста кај жените, покажуваат резултатите од студијата на Клиниката за вештачко оплодување во Сиднеј. Според студијата со редовна утринска ејакулација квалитетот на спермата кај мажите се подобрува за околу 12 проценти, што ги зголемува шансите за успешно оплодување.
Го чисти тенот и ја јакне косата
Оргазмот за време на утринскиот секс го поттикнува отпуштањето на хемикалијата, која го зголемува нивото на естроген во телото. Поради тоа доаѓа до подобрување на циркулацијата и намалување на нивото на тестостерон, што се одразува на состојбата на косата и кожата.
Утринскиот секс поради тоа им дава посебен сјај на луѓето, заклучиле научниците од Универзитетот Висконсин.
Го намалува ризикот од срцеви болести
Сексот во утринските часови неколку пати неделно го штити здравјето на срцето, особено кај мажите, покажа десетгодишната студија на Универзитетот Белфаст на повеќе од илјада лица. Освен што служи како добра вежба, утринскиот секс го намалува нивото на хормонот на стресот кортизол, кој го зголемува ризикот од инфаркт и од стеснување на крвните садови.
Го јакне имунитетот
Производството на имуноглобинот А е поголемо за време на утринскиот секс, отколку при сексот во кој било друг дел од денот. Имуноглобинот А се антитела, кои служат за одбрана на организмот од инфекции, а луѓето, кои редовно водат љубов наутро имаат и до 30 отсто поголемо ниво на имуноглобин А во крвта, покажа студијата на Универзитетот Вилкс.