Укината пресудата за сексуално злоставување, Бил Козби е слободен човек

Од:

Највисокиот суд во американската држава Пенсилванија ја преиначи осудителната пресуда против актерот и комичар Бил Козби за сексуално злоставување, јавуваат медиумите. Со ова се отвора простор Козби веднаш да биде пуштен од затвор, каде ги помина последните две години.

Судијата објасни дека одбраната на Козби имала договор со претходните обвинители, кој спречувал ново обвинение од друг обвинителски тим.

Актерот беше осуден на казна затвор од три до десет години, поради сексуалното злоставување на Андреа Констанд, поранешна службеничка која работела за женската кошаркарска екипа на универзитетот Темпл.

83-годишниот Козби одлежи две години од казната, откако беше прогласен за виновен дека ја дрогирал и ја злоставувал Констанд во неговиот дом во предградие на Филаделфија во 2004 година. Тој беше првата позната личност судена и осудена во ерата на движењето #MeToo.

Поранешната ѕвезда на серијата „Козби шоу“ беше уапсен во 2015 година, кога се појавија нови доказ што овозможија да биде покренато обвинение за тогаш 12 години стариот случај.

Би можело да ве интересира

Стотици деца со децении биле во немилост на педофили во лондонски домови за згрижување

Жарко Настоски

Филисија Рашад го поддржа Бил Козби и предизвика негативни реакции

Ана Ололовска

Бил Козби по ослободувањето: Секогаш ја нагласував мојата невиност

Ана Ололовска

Првиот човек на ФИБА под истрага за сексуално вознемирување

Жарко Настоски

Педофил-талкач од Градско нападнал 13-годишно дете во неговиот двор

Жарко Настоски

Поднесени 445 пријави против силувачи и манијаци во францускиот спорт

Жарко Настоски