Твитер набрзо ќе се најде на берза

Од:

Социјалната мрежа Твитер најави дека ќе излезе на берзата и оти очекува да добие една милијарда долари. Твитер тврди дека до крајот на јуни има 218 милиони активни корисници и оти и понатаму е во дефицит и покрај растечкиот обарт, кој минатата година изнесуваше 317 милиони долари, а во првите шест месеци од годината има 253,6 милиони долари.

Компанијата веќе има нето загуби од приближно 80 милиони долари за 2012 година и уште 69,3 милиони долари во првите шест месеци од 2013 година.

Твитер се уште не соопшти колкав дел од капиталот ќе објави на берзата.

Би можело да ве интересира

Стриминг платформата GLEY ќе бара инвеститори преку Берза

Катерина Ѓуровски

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Московската берза повторно работи: Проблемот е предизвикан од софтверска грешка

Московската берза го прекина тргувањето

Клинички центар купува државна струја по берзански цени: ЕСМ Продажба единствен понудувач

A1on

Палестинци планирале да ја „заробат“ берзата во Лондон