Трендови кои треба да ги избегнувате: Претпазливо со овие парчиња облека

Од:

Да знаете што треба да избегнете при избор на облеката е подеднакво важно, како и следењето на модните трендови. И додека пругите, маиците со принтови и веселите бои се добредојдени и ја освежуваат секоја комбинација, со фустаните кои не ја следат линијата на половината и со проѕирните сандали оваа сезона треба да внимавате.

Цветен примерок

Дезенот кој секогаш се провлекува низ пролетните комбинации секако е цветниот. Иако овој весел дезен повикува од секој излог, не би требало да изгледате како цветна ливада.

Подобро определете се само за едно флорално парче на облека – другото нека биде монохроматско.

Фустани без половина

И додека дамите од почетокот на минатиот век уживале носејќи таканаречени „flapрer“ фустани, секој обид за оживување на истите во гардеробата на модерните жени би можел да заврши со модно промашување. Фустаните налик на вреќи, кои го прават вашето тело подебело, заменете ги со такви, кои убаво ја нагласуваат половината и облините.

Куси костуми

Иако модните критичари ги опишуваат како млади весели браќа на строги работни костуми, многу жени имаат проблеми со нивната намена. Проблем се кусите панталони, кои во никој случај не се опција за работните состаноци, а целокупната комбинација од друга страна е недоволно лежерна за слободното време.

mnR4

Проѕирни сандали

Појавата на чевлите со проѕирни детали не наиде на одобрување на модните критики. Освен што потсетуваат на потпетици кои често ги сретнуваме во порно филмовите, никој не може да го негира евтиниот впечаток кои го оставаат.

Црна боја

Иако во зимите не можеме да им одолееме на црната и сивата боја, време е да ги оставите во плакарот и да се свртите кон силните пролетни бои. Светлите комбинации го освежуваат вашиот изглед, а ведрите бои ќе придонесат за оставање позитивен впечаток. Истото правило важи и за ноктите, кои се добродојдени во сите бои – од пастелни варијанти до сини и зелени тонови.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска