Тренд на доцна стапување во брак

Од:

cafe.ba – Сараево

Во Република Српска минатата година биле склучени 5.895 бракови, што е за 72 повеќ од 2014 година, покажуваат податоците од Републичкиот завод за статистика.

Од вкупниот број на склучени бракови во 5.402 или 91,6 отсто сопружниците се државјани на БиХ. Во минатата година со државјани на БиХ брак склучиле 447 жени со странско државјанство, од кои 68 отсто имаат државјанство во една од републиките на поранешна Југославија. Младоженци со странско државјанство кои склучиле брак со државјанки на БиХ биле 43, од кои 64 отсто имаат државјанство во една од републиките на поранешна Југославија.

Просечната возраст при склучување на брак за младоженците била 31,8 години, а за невестите 28,2 години. Во Република Српска минатата година разведени се 1.143 бракови, кои во просек траеле 13 години. Професорот по социологија Нада Ковачевиќ од Иницијативниот одбор на движењето „За семејството, за младите‟ рече за Срна дека на овие официјални податоци треба да се додаде уште и бројот на двојките кои живеат невенчано за да се создаде пореална слика, како и тоа дека во Српска еведентно е подоцнежно стапување во брак.

Таа наведе дека податоците за ланската и годината пред неа се исти за разлика од непознатите, но дека гледано долги години наназад, евидентно е подоцна стапување во брак, т.е. поместување на старосната граница за мажите за година ипол, а за жените за две години. Ковачевиќ вели дека трендот за подцна стапување во брак е присутен во цела Европа, а кога станува збор за Српска, причините за оваа појава се економската состојба и неможноста младите да го решат станбеното прашање. „За жал голем број млади школувани луѓе живеат кај родителите, од нивната плата, но и пензиите. Понекогаш и од пензиите на бабите и дедовците, што е голема пречка за стапување во брак и основање на семејство‟ – наведе Ковачевиќ. Таа истакна дека општеството треба да помогне на младите брачни двојки да обезбедат кров над глава. „За сега младите брачни двојки во Српска можат да добијат кредит по поволни услови кај Инвестициско-развојната банка, но тоа не е доволно‟ – потенцира Ковачевиќ.

Би можело да ве интересира

Последици од пандемијата во Македонија – помалку бракови, повеќе разводи

Катерина Ѓуровски

Повеќе од 765 милиони малолетници во светот стапуваат во брак пред полнолетство

Ана Ололовска

Табу во Америка, бракот меѓу блиски роднини не е толку редок како што се мисли

Ана Ололовска

Средба на здруженија и невладини организации со цел зачувување на традиционалното семејство

Ана Ололовска

Наталитетот зголемен за пет, морталитетот за 9,1 отсто

Нови правила во ЕУ за брачните двојки од различни држави

Наум Локоски