Том Круз ја нема видено својата ќерка Сури, која ја доби со Кејти Холмс, шест години, пишува „УС Викли”.
Малечката Сури има 12 години, но не го видела својот татко половина од животот бидејќи не припаѓа на Скиентолошката црква.
Том има право да ја види својата ќерка десет дена месечно, но „тој одлучил да не се гледаат бидејќи таа не е скиентолог”.
Кејти и Том се разведоа во 2012 година по шест години брак, по што актерката доби старателство над својата ќерка.
Круз е посветен скиентолог со децении, инаку со организацијата го запозна неговата прва жена, Мими Роџерс. По разводот од неа, тој се ожени со Никол Кидман во 1990 година со која усвои две деца, Изабела и Конор.
Иако се раздели од нивната мајка во 2001 година, постарите деца се во контакт со него затоа што се воспитани како скиентолози.