Том Круз и екипата од „Невозможна мисија 7“ ставени во карантин во Италија

Од:

Холивудскиот актер Том Круз и екипата на филмот „Невозможна мисија 7“, што се снима во Венеција, се сместени во карантин заради коорнавирусот што се шири низ Италија.

Веста ја пренесе весникот „Џерусалем пост“ , повикувајќи се на британскиот актер Сајмон Пејџ.

Тој наведува дека Том Круз допатувал во Италија на 20 февруари заради снимање на седмото продолжение од филмот „Невозможна мисија“.

Заради епидемијата од коорнавирус, што со молневита брзина се шири низ Италија, целата филмска екипа е ставена во изолација во раскошниот хотел „Грити палас“, пренесе„ Џерусалем пост“.

Оттаму се истакнува дека никој од филмската екипа не е заразен од коронавирус, а во карантин ќе се наоѓаат до утре, 2 март.

Претходно, медиумите пренесоа дека снимањето на холивудскиот блок-бастер е стопирано заради ширењето на коорнавирусот.

Фулмот „Невозможна мисија 7“ требаше во кино салите да се појави во јули следната година, но сега е неизвесно дали планираниот термин ќе биде исполнет.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он