Тито ги сакаше жените повеќе отколку Сулејман Величенствениот

Од:

Сараевскиот неделник „Слободна Босна“ во најновиот број објавува исповест на Јованка Броз, која открива како некогашната партизанка Јованка Будисављевиќ стана „другарка Броз“, зборува за задкулисните подметнувања на политичките функционери на поранешна Југославија, кои успеале да ја разделат од претседателот, а се осврнува и на Титовата голема склоност кон припадничките на понежниот пол.

– До поголемо зближување меѓу нас дојде за време на првата операција на која Тито беше подложен поради кила во 1947 година на Брдо кај Крањ. Таа операција не помина лесно и едноставно, во еден момент дојде и до сериозни компликации. Јас тие денови постојано бев со него. Кога почна да закрепнува за да му го разубавам денот му ги читав нашите најубави епски песни. Многу од нив заев и на памет. А потоа му рецитирав стихови од Алекса Шантиќ, Бранко Радичевиќ…За него тоа беше непознато. Растеше во друга средина. Тоа наше наследство многу му се допадна. Имав чувство дека ужива слушајќи ме, раскажа Јованка Броз.

Како што рече, Тито и зборувал дека неговиот живот бил тежок, исполнет со стресови, лични загуби.

– И чувствувам дека со тебе, најпосле би можел да ги надам мирот и среќата, рече без размислување, раскажа Јованка во својата исповед за „Слободна Босна“.

– Разликата од 32 години не претставуваше никаква пречка меѓу нас. Напротив. На добар начин ние се следевме еден со друг, посебно кога станува збор за слободното време. На пример Тито играше билијард, тоа го научив и јас покрај него. Тој одеше на лов и беше одличен стрелец, но и јас во војната научив да пукам. Пливавме заедно, јаа подобро од него. Тој беше со многу развиени чувства за музика, јас бев без слух. За политиката да не зборуваме: тој така надмоќен, но ни јас не бев аполитична“, вели Јованка.

Во својата исповест Јованка Броз зборуваше и за заткулисните подметнувања на политичките функционери на поранешната Југославија кои биле блиски со претседателот и кои успеале да ја раздвојат од него, а се осврна и на Титовата голема склоност кон припадничките на послабиот пол, тврдејќи дека Јосип Броз „жените ги сакаше повеќе од Сулејман Величенствениот“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но гробот на Тито останува во Белград

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Четириесет и една година од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска