Тиндер со нова опција за проверка заради сексуални напасници

Од:

Платформата за познанства и љубовни состаноци, Тиндер наскоро ќе воведе можност за дополнително проверување на луѓето со кои се допишувате на оваа апликација.

Како што објави „Мен’с хелт“, компанијата сопственик на Тиндер – „Меч груп“ се поврзала со платформата „Гарбо“, која се занимава со проверка на оние работи што вообичаено не може да ги најдете на социјалните мрежи, како што се евиденција за насилство или сексуална злоупотреба, апсења, пресуди, наредби за ограничување или задолжителна оддалеченост… Иницијативата за овој потег на Тиндер следи откако последниве години се забележани и пријавени поголем број насилници и силувачи корисници на платформата.

Оваа опција најпрво ќе биде достапна во САД и, се верува дека наскоро потоа ќе биде достапна и во остатокот од светот.

Инаку, „Меч груп“ веќе го користи тоа на други платформи што ги поседува – Хинџ, Океј-кјупид и Пленти-оф-фиш.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Русинка е убиена на островот Маурициус откако преку Тиндер го запознала убиецот

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески