Национална географија – Вашингтон
Студиите покажуваат дека изградбата на грчките храмови била поврзана со астрономијата, но во која мера?
Многумина сметаат дека древните Грци биле многу мудри и дека знаеле каде да ги градат своите свети објекти. „Тоа се места кои симболизираат нешто поголемо од нас” – зборувал некогаш дедото на малиот Став Димитропулос, новинарка на Би-Би-Си Травел.
И навистина, кога ќе ги погледнеме грчките храмови навистина кријат многу тајни. Ако подобро погледнеме, ќе забележиме дека храмот на Посејдон во Суниону формира еднокрак триаголник со Хефестовиот храм во Атина и храмот на Афаја во Егина. Аполоновиот храм во Делфи, Афаја во Егина и Партенон исто така формираат совршен еднокрак триаголник.
Некои како наставник по шпански и астроном аматер Манола Фернандез со сигурност тврдат дека триаголниците кои ги формираат овие локации претставуваат движење на различни небесни тела како Сонцето, Месечината или планети и ѕвезди во однос на површината на Земјата. Оваа теорија на Фернандез често води во Националната опсерваторија во Атина. Гледајќи ги Месечината, Сатурн, Марс и различните констелации низ телескоп, Фернандез е убеден дека грчките храмови се изградени за са ги усогласат населените делови на Земјата со планетите на небото.
Идејата за триангулација на грчкиот свет не е нова. Во 60-тите години од минатиот век, проф. по француска книжевност Жан Ришер (со посебен интерес за симболизмот, езотеричните доктрини и грчката митологија) на Универзитетот во Ница ја опишал посебната поврзаност на светите населби едни со други и со небото. Тој замислил дека Грција била поделена во 12 делови кои ги претставувале 12 знаци на Зодијакот со Делфите како центар на грчката земја.
Меѓутоа, теориите на светата географија никогаш не можеле целосно да се докажат.
„Ако зборуваме за создавање на прецизни геометриски форми, како што се тоа еднокраките триаголници, ни треба точност во мерењето помала од метар. Овие храмови се оддалечени неколку метри, па можете да бирате кој ви дава најпрецизни еднокраки триаголници, што не значи дека тој облик имал некакво значење за древните жители” – вели Ефросини Буцикас, проф. по археологија на Универзитетот Кент во Велика Британија, кој се фокусирал на проучување на древната грчка астрономија, митологија и религија.
Јоргос Пантазис и Евангелија Ламброу, професори на Техничкиот Универзитет во Атина, примениле строги геодетски методи да ја одредат астрономската ориентација на древните грчки храмови.
Тие се фокусирале на Партенон и Хефестовиот храм, кои се меѓу најголемите од класичната ера и двата се посветени на божицата Атина.
Тие откриле неверојатна симетрична позиција меѓу тие храмови, гледајќи на исток.
„Астрономската ориентација на храмовите е поврзана со изгревот на Сонцето на денот кога се слави богот на кого храмот му е посветен. Изгревот на Сонцето мора точно да се совпадне со централната оска на храмот за да ја осветли централната статуа на обожуваниот бог” – истакнува Пантазис.
Постојат многу други студии кои сметаат дека древните храмови се изградени паралелно со ѕвездите, иако не така како што тоа го замислил Ришер. Сепак, појавата на областа на археолошката астрономија – проучувањето на астрономското знаење на древните култури, ќе направи врска меѓу астрономијата и религијата која ќе биде уште повеќе фасцинантна.