СЗО: Со вакцина против мали сипаници се спасуваат 1,3 милиони животи годишно

Од:

Во 2016 година во светот од мали сипаници починале околу 90.000 луѓе што е за 84 отсто помалку од 550.000 смртни случаи во 2000 година, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Ова е првпат бројот на смртни случаи предизвикани од мали сипаници да падне под 100.000 годишно.

– Спасувањето во просек 1,3 милиони животи годишно со вакцина против мали сипаници е неверојатен успех и поради тоа изгледа дека свет без мали сипаници е можен, па дури и веројатен, за време на нашите животи, изјави доктор Роберт Линкинс од Иницијативата за борба против мали сипаници и рубеола и директор на Одделот за контрола на брзо ширење болести и болести кои можат да се спречат со вакцина, во Центрите за контрола и превенција на болести.

Од 2000 година, децата примиле околу 5,5 милијарди дози вакцини против мали сипаници, во рамките на рутинска имунизација и кампањата за масовна имунизација со што се спасени околу 20,4 милиони животи.

Би можело да ве интересира

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски