Ширењето на детската парализа (полио) претставува ургентна меѓународна здравствена ситуација, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО им препорачува на граѓаните да се вакцинираат ако патуваат во земјите каде вирусот е распространет, вклучително Пакистан и Сирија. Како и да носат потврда дека се вакцинирани.
– Постоечката ситуација бара прогласување на ургентна здравствена ситуација, изјаби Брус Ајлворд од СЗО.
Тој зборувајќи на итниот состанок во Женева за ширењето на детската парализа истакна дека е неопходна координирана меѓународна реакција.