СЗО: Годишно умираат 1,7 милиони деца поради загадување на животната средина

Од:

СЗО соопшти денеска дека 1,7 милиони деца годишно умираат поради загадување на животната средина, вклучително од загадена вода и воздух, чад и недостиг од адекватни хигиенски услови.

Такви несанитарни услови и загадување на животната средина може да предизвикаат фатални случаи на дијареја, маларија и воспаленија на белите дробови, се вели во извештај на СЗО.

– Загадувањето на животната средина е смртоносно особено за децата. Развојот на нивните органи и имунолошкиот систем ги прави ранливи на загадување на воздухот и водата, изјави директорката на СЗО Маргарет Чен.

Во извештајот се додава дека изложување на штетни дејствија може да почне уште во утробата на мајката и да продожи ако децата се изложени на надворешно загадување на воздухот. Освен тоа децата се изложени на хемиско загадување преку храната, водата и воздухот, се додава во извештајот.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа