Светот ја испраќа старата и ја пречекува Новата 2013 година

Од:

Стотици милиони луѓе во светот вечер на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови,… или во семејна атмосфера во домовите, ќе ја испратат 2012 и ќе ја пречекаат Новата 2013 година.

По примерот на светските метрополи, веќе традиционално, највеселата ноќ ќе биде пречекана и на плоштадот „Македонија“ во Скопје, како и во другите градови во земјава.

Скопјани ќе ги забавуваат македонските музички ѕвезди – Нокаут, Тамара Тодевска, Роберт Саздов, Тони Зен, Аделина Таири, Дани, Бени, како и познати ди-џеи.

Новогодишниот концерт ќе почне во 20.00 часот, а се очекува да трае до раните утрински часови. Точно на полноќ небото над Скопје ќе го осветли спектакуларен огномет.

Ќе бидат поставени големи екрани на кои сите посетители, преку СМС пораки ќе можат да ги испраќаат своите желби и честитки за што поубава и побериќетна 2013.

Претходно, за најмладите се предвидени детски театарски претстави, фотографирање со Дедо Мраз и забава со детски песни.

На плоштадот „Македонија“ е поставена новогодишна елка со светлосни и други украсни елементи.

Градските власти и полицијата апелираат граѓаните да се воздржат од употреба на петарди на новогодишната ноќ. За време на пречекот, во центарот на Скопје ќе има зголемено присуство на полиција.

Новата 2012 година први ќе ја пречекаат жителите на тихоокеанските острови Кирибати и Тонга и земјите на далечниот Исток, а последни неколку часови по нив жителите на западниот брег на САД и Аљаска.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар