Во време на криза свадбата е скапо задоволство не само за младоженците и нивните семејства, туку и за гостите кои се поканети, пишува весникот „Фигаро“, повикувајќи се на истражување на консултантската компанија Consumer Credit Counseling.
Истражувањето покажало дека организаторите на свадба во САД трошат просечно по 28.400 долари, а гостите по 539 долари за да присуствуваат. Затоа 43 отсто од Американците одбиле барем една покана за свадба, за да избегнат трошоци за пат, ноќевање и нова облека.
Триесет и шест проценти, пак, од анкетираните признаваат дека за да присуствуваат на свадбена церемонија требало да земат кредит, кој се уште го исплаќаат.