Страшно: Радиоактивна мајка

Од:

Британката Ема Деј (27) не смее да им пријде на своите деца затоа што е радиоактивна. Оваа мајка на три мали деца не може да ги прегрне своите деца, да ги помилува или да претстојува во нивна непосредна близина, затоа што стана радиоактивна поради лечењето рак на тироидната жлезда, јави „Дејли Мејл“.

emma-radioaktivna1

Ема во својот дом може да им пријде на своите деца најблиску на еден метар, а изолирана е и во болница каде има посебна соба кога оди на прегледи и терапии.

Радиоактивноста се појавила како реакција на големите дози јод кои ги примала во рамките на терапијата. Иако лекарите сакаа да ја сместат во болница, таа тоа го одбила за да го поминува времето со нејзините деца, кои сепак не и приоѓаат многу блиску заради опасноста од зрачење.

emma-radioaktivna2

– Психологот и објасни на најстарата ќерка, но на близнаците ништо не им е јасно, затоа што се многу мали за да разберат, тажно констатира оваа несреќна мајка која не смеела ни да ги дои нејзините деца.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он