Интересна фотографија деновиве се појави на социјалните мрежи и за многу кусо време се прошири низ медиумите ширум светот.
Станува збор за необична фотографијата, направена пред две години, на која е прикажано суштество кое наликува на чудовиштата што ги гледаме во хорор филмовите.
Но, кога ќе се види „суштеството“ во целина, станува јасно дека тоа е морска змија. Змијата случајно ја уловил еден Американец на брегот на Њу Џерси.
Експертите за морски животни тврдат дека во последните години морските змии почнале да се појавуваат на брегот на Њу Џерси, а откако властите ја остраниле крајбрежната брана, овие животинки можат се почесто да се забележат дури и во локалните реки.
Сепак, ако се погледне фотографијата која собра преку милион „лајкови“ на социјалните мрежи, може да се добие впечаток дека станува збор за големо суштетство. Ваквиот ефект е постигнат со изборот на соодветен агол за фотографирање, со што се добива нереален впечаток за неговата големина.